Фудбалерот на Брентфорд, Кристијан Норгард, може да добие понуда да се пресели во Арсенал, објави денеска – „Мирор“.
Данскиот играч од средниот ред се активираше кај „пчелите“ во летото во 2019 година и се етаблираше како стандарден првотимец. Наводно, тренерот на „топчиите“, Микел Артета, сака да го ангажира корпулентниот фудбалер.
Според одредени проценки, трансферната сума за 31-годишниот фудбалер е околу 13 милиони евра.

