Играчот на Оклахома Сити, Никола Топиќ, влезе во историјата како прв кошаркар во НБА лигата кој освоил пехар а не одиграл ниту еден меч.
Членот на Тандерси беше избран како 12-ти пик на драфтот во 2024 година но, мораше да ја пропушти целата дебитантска сезона поради скинат преден лигамент.
Топиќ, кој ја освои титулата на 19 години и 316 дена, стана третиот најмлад шампион веднаш зад Дарко Миличиќ (2004 Детроит, 18 години и 361 ден) и Џонатан Куминг (2022 Голден Стејт, 19 години и 253 дена).

