Author: dino

Фудбалскиот состав, Јувентус, ќе се насочи кон Џонатан Дејвид од Лил откако напаѓачот на Спортинг, Виктор Ѓокереш, одбил да направи трансфер во Италија, објави – „Кориере дело Спорт“. Генералниот менаџер на „старата дама“, Дамиен Комоли, бил информиран дека Швеѓанецот чека понуда од Арсенал и не е заинтересиран да се пресели во Торино. Најновите извештаи покажуваат дека Јувентус бил подготвен да плати 60 милиони евра плус околу 10 како бонуси за да го привлече играчот на португалскиот состав.

Read More

Англискиот фудбалски состав, Лидс објави дека има намера да конкурира за потписот на играчот од средниот ред на Јувентус, Даглас Луиз. 27-годишниот Бразилец има искуство од Премиер-лигата, бидејќи играше за Манчестер Сити и Астон Вила. Медиумите наведуваат дека Лидс сака да го ангажира Луиз на позајмица за една сезона со можност потоа да му го откупи договорот за 25,6 милиони фунти. Според проценките, постојат големи шанси фудбалерот да се врати во Англија и тоа на стадинот -„Еланд Роуд“.

Read More
NBA

Тренерот на кошаркарите на Хјустон , Име Удока, се согласи на долгорочно продолжување на соработката, објави ESPN. 47-годишниот стратег  ги предводеше „Рокетс“ до второто место во Западната конференција со ефект од 52 победи и 30-ет порази. Неговите избраници загубија од Голден Стејт Вориорс во првото коло од плеј-офот. Удока им се придружи на „ракетите“  откако беше отпуштен од Бостон Селтикс во сезоната 2022/23 поради кршење на правилата на тимот. Тој има остварено144 победи и претрпено 102 порази.

Read More

Зоран Терзиќ, селекторот на женската одбојкарска репрезентација на Србија, се осврна на шестиот последователен пораз во Лигата на нации. „Не е проблем, ќе бидеме подготвени за Светското првенство со посилни играчи – Тијана Бошковиќ, Александра Узелац, Мина Поповиќ… Но, не гледам никаков потенцијал кај младите“ – рече Терзиќ. „Србија не е навикната на такви натпревари но, ние ќе се обидеме да покажеме за што сме подготвени. Ние сме нов тим и генерација, потребно е време за да се направи нешто“ – рече Терзиќ.

Read More
NBA

Кошаркарот на Оклахома, Џејлен Вилијамс, постави анти-рекорд во финалето на НБА гледано по одредени статистички показатели. Поентерот на Тандер во шестиот натпревар одигра 27 минути и постигна 16 поени ( 6 од 13 од поле, 0 од 4 од линијата, 4 од 5 за тројка), 3 скока и 1 асистенција со 3 изгубени топки. Неговиот рејтинг на ефикасност беше -40, што е најлошиот резултат за натпревар од финалето во историјата на НБА . Претходниот анти-рекорд го имаше бекот на Бостон, Дру Холидеј со -38 во четвртиот натпревар од финалето во 2024 година против Далас.

Read More
NBA

Лидерот на Индијана Пејсерс, Тајрис Халибартон, даде проценка на ситуацијата пред решавачкиот седми натпревар против Оклахома во финалната серија на кошаркарската НБА лига. „Сите ќе зборуваат за тоа колку добро изгледавме, колку одлично игравме, колку е под притисок Оклахома Сити. Тоа ќе биде главната тема на разговор во наредните два дена. Мора да се држиме настрана од тоа“ – рече Халибартон. Индијана ја победи Оклахома во шестиот натпревар од финалната серија  со 108:91 и се избори за мајсторка.

Read More

Македонија оваа сезона има три екипи кои што ќе се натпреваруваат во Конференциската лига на УЕФА. Работнички, Силекс и Вардар вчера ги добија противниците за првото квалификациско коло, а денес ги дознаа можните ривали за следната рунда. Вардар како освојувач на Купот обезбеди место во Конференциската лига, а доколу биде подобар во двомечот со Ла Фиорита од Сан Марино во следната фаза ќе игра против Лозана од Швајцарија. Работнички во случај да биде поуспешен во дуелите со Торпедо од Белорусија, следен ривал ќе му биде Макаби Хаифа од Израел. Силекс, пак, во првата рунда ќе се сретне со Дечиќ од Црна Гора, а ако успее да го елиминира црногорскиот претставник ќе игра двомеч со австриски Рапид Виена.

Read More
NBA

Деџонте Мареј кој првите пет години ги помина во екипата на Сан Антонио Спарс, проговори за неговата блиска врска со тогашниот главен тренер, Грег Попович. „Тој ми беше како татко. Ми помогна психолошки да се справам со последиците од постојаните убиства во Сиетл. Постојано плаќав за  погреби“ – рече Мареј. „Тој не сакаше да се вратам во тој град, по драфтот, никогаш повеќе не се вратив таму. Сакаше да го реализирам мојот потенцијал, прво како личност а потоа и како кошаркар“ – рече Мареј.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Наполи, Антонио Конте, сака да го ангажира крилниот напаѓач на Нотингем Форест, Калум Хадсон-Одои. Италијанскиот состав има намера да пронајде квалитетна замена за Квича Кварацелија кој текот на претходната сезона замина во ПСЖ. Конте побарал од претседателот на клубот, Аурелио Де Лаурентис, да купи нови играчи а меѓу нив фигурира и името на Англичанецот. Фудбалерот кој има 24 години може да дејствува во средината на теренот и по страничните позиции.

Read More

Челзи разгледува други опции за нов крилен напаѓач доколку не успеат да постигнат договор со Борусија Дортмунд за Џејми Гитенс. 20-годишниот Белгиец е една од опциите на списокот на Лондончани. Тој има договор за уште три години. Гитенс останува фаворит на Челзи но, од Стемфорд Бриџ не се сигурни дека ќе можат да постигнат договор со Борусија Дортмунд. „Жолто-црните“ инсистираат на добивање на 65 милиони евра и немаат намера да се откажат од таа сума.

Read More