Македонија оваа сезона има три екипи кои што ќе се натпреваруваат во Конференциската лига на УЕФА. Работнички, Силекс и Вардар вчера ги добија противниците за првото квалификациско коло, а денес ги дознаа можните ривали за следната рунда.
Вардар како освојувач на Купот обезбеди место во Конференциската лига, а доколу биде подобар во двомечот со Ла Фиорита од Сан Марино во следната фаза ќе игра против Лозана од Швајцарија.

Работнички во случај да биде поуспешен во дуелите со Торпедо од Белорусија, следен ривал ќе му биде Макаби Хаифа од Израел.

Силекс, пак, во првата рунда ќе се сретне со Дечиќ од Црна Гора, а ако успее да го елиминира црногорскиот претставник ќе игра двомеч со австриски Рапид Виена.

