Англискиот фудбалски состав, Лидс објави дека има намера да конкурира за потписот на играчот од средниот ред на Јувентус, Даглас Луиз.
27-годишниот Бразилец има искуство од Премиер-лигата, бидејќи играше за Манчестер Сити и Астон Вила. Медиумите наведуваат дека Лидс сака да го ангажира Луиз на позајмица за една сезона со можност потоа да му го откупи договорот за 25,6 милиони фунти.
Според проценките, постојат големи шанси фудбалерот да се врати во Англија и тоа на стадинот -„Еланд Роуд“.

