Тренерот на Бенфика, Бруно Лаге, зборуваше пред дебитантскиот натпревар на „Орлите“ на Светското клупско првенство во САД против Бока Јуниорс. „Ова е натпреварување со голем престиж . Задоволство е да се биде тука и нашата намера е да одиграме силен натпревар и да победиме“, рече Лаге. „Мораме да влеземе со огромни амбиции. Мора да бидеме конкурентни“, заклучи тренерот на португалскиот состав.
Author: dino
Кошаркарот на Индијана, Ти Џеј Меконел, вели дека етикетата – „преценет“ за Халибартон е апсурдна. „Тоа е една од најглупавите работи што сум ги слушнал во животот. Тајрис е последната личност што би ја нарекле „преценета“.Тој е неверојатен соиграч. Тоа му го покажа на светот во овие плејоф натпревари. Луѓето не го гледаат каков човек и соиграч е тој“, рече Меконел. Ти Џеј Меконел и Тајрис Халибартон се заедно во Пејсерс од 2022 година.
Ал-Хилал му нуди на Виктор Осимен 50 милиони евра по сезона. Саудискиот клуб продолжува да се бори за нигерискиот напаѓач. Клубот е подготвен да му плати на Наполи откупна клаузула од 75 милиони евра. Претходно беше објавено дека 26-годишниот играч одбил плата од 26 милиони евра, 30 милиони евра плус бонуси и 40+5 милиони евра. Осимхен играше како позајмен за Галатасарај. Тој одигра 30 натпревари во турското првенство и постигна 26 гола.
Легендарниот фудбалер, Карлес Пујол, проценува дека Аргентина предводена од Лео Меси ќе ја одбрани титулата на Светското првенство во 2026 година. „Тоа е последното Светско првенство за Кристијано Роналдо и Лео Меси. Имав среќа што ја делев соблекувалната со најдобриот фудбалер во светот и во историјата, Лео. Се надевам дека ќе се пронајде добро на Светското првенство“ – рече поранешниот капитен на Барселона „Кристијано е исто така пример за помладата генерација. Ќе биде тешко да се најдат двајца играчи кои ќе бидат на врвот толку многу години“, рече поранешниот дефанзивец на Шпанија.
Легендарниот ракометар на Вардар, Иван Чупиќ, кој од измината сезона самостојно влезе во тренерските води и работеше во тимот на Метковиќ, ќе биде нов тренер на „црвено-црните“. Според информациите со кои располага Спортско радио 90,3 , Хрватот деновиве треба да допатува во Скопје и да го преземе кормилото на поранешниот европски шампион. Ќе потсетиме дека Чупиќ со Вардар освои 4 титули во домашното првенство, три пехари во националниот Куп, исто толку во Супер Купот, два пати се израдува на титулата во Лигата на шампионите и три пати на трофејот од СЕХА лигата.
Александар Коларов ќе биде помошник тренер во Интер откако официјално го напушти кормилото на селекцијата на Србија У -21. Ќе потсетиме дека 39-годишникот ја презеде функцијата во ноември во 2024 година и го водеше тимот во пет натпревари. Коларов деновиве ќе им се приклучи на „нероаѕурите“ кои се во Лос Анџелес и се подготвуваат за Светското клупско првенство.
Екипата на Интер може да испрати понуда до младиот фудбалер на Брајтон, Хулио Енсисо, велат последните информации од Италија. 21-годишниот играч во 2022-ра го напушти Парагвај и се пресели во Англија. Тој за Брајтон има постигнато пет голови и направено шест асистенции. Енсисо може да игра како офанзивен од средниот ред и воедно да дејствува по крилните позиции.
Новинарот, Греам Бејли, тврди дека менаџерот на Челзи, Енцо Мареска, нема доверба во ниту еден од голманите кои се на платниот список на Стемфорд Бриџ. Познато е дека „сините“ ги имаат Роберт Санчез, Ѓурѓе Петровиќ, Филип Јоргенсен, Лукас Бергстром и Кепа Аризабалага. Според наведеното, Мареска, не е задоволен од нив и затоа ќе се обиде во текот на летово да обезбеди нов чувар на мрежата. Првиот обид со Мајк Мењан од Милан пропадна.
Фудбалскиот состав Тотенхем по лошата сезона во Премиер-лигата, сака да направи одредени корекции во составот. Прва трансферна цел на „спарси“ е крилниот фудбалер на Борнмаут, Антоан Семењо. Медиумите тврдат дека лондонскиот состав може да плати околу 70 милиони фунти за интернационалецот од Гана со што би бил поставен и клупски рекорд. За црномурестиот напаѓач се заинтересирани и екипите на Арсенал и Манчестер Јунајтед.
Кошаркарот, Тајсон Картер, може да ја продолжи кариерата во соседна Србија. 27-годишниот бек на Уникаха имаше просек од 12,8 поени и 4,3 асистенции во Лигата на шампионите.Неговиот состав го освои победничкиот пехар а Американецот беше прогласен за најкорисен играч на завршниот Фајнал-фор.Картер може да се пресели во Евро-лигата а главен кандидат за неговиот потпис е Црвена Ѕвезда.
