Првите луѓе на екипата на Њујорк Никс дефинитивно имаат потешкотии да обезбедат ново име на клупата. НБА тимот според авторитетните медиуми во САД, побарал дозвола да влезе во преговори со Крис Финч и Име Удока но, нивните моментални екипи – Минесота и Хјустон, го одбиле барањето. Претходно имаше информација дека Њујорк сака да го ангажира актуелниот тренер на Далас, Џејсон Кид.
Author: dino
Челниците на кошаркарскиот состав, Орландо Меџик, имаат големи амбиции за наредната сезона во НБА лигата. Тие имаат намера да направат респектабилен состав и да се вклучат во трката за титулата. Според одредени наводи, Орландо сака да се раздели со крилниот центар Џонатан Исак, бекот Кол Ентони и двата пика од првата рунда на драфтот. Тимот се стреми да направи големо освежување во ротацијата и да обезбеди квалитетни засилувања.
Првиот човек на фудбалскиот состав Аталанта, Антонио Перкаси, вели дека тренерот, Иван Јуриќ, е идеално решение за замена на Џан Пјеро Гасперини кој седна на клупата во екипата на Рома. „Сакаме да дадеме чувство на трајност на работата што е завршена во последните години а неговиот стил на фудбал е погоден за Аталанта“ – рече Перкаси. „Тоа е бонус за мене и сега имам одлична можност. Тоа не се случува често“ – нагласи тренерот од Хрватска.
Фудбалерот, Тео Ернандез, сака да се пресели во Атлетико Мадрид иако има одлична понуда од Саудиска Арабија. Францускиот интернационалец е свесен дека ќе мора си замине од Милан иако има договор до наредното лето. 27 годишниот бек во претходната сезона, одигра 49 натпревари со ефект од 5 голови и 6 асистенции. Се претпоставува дека „росонерите“ би можел да прифатат понуда од околу 20 милиони евра плус бонуси.
Манчестер Јунајтед се обидува да ги продаде фудбалерите Александро Гарначо, Џејдон Санчо и Маркус Рашфорд, за да може да го ангажира напаѓачот на Спортинг, Виктор Ѓокереш. Според непотврдени информации, одличниот голгетер од Шведска нема намера да замине во некој од богатите клубови на Блискиот Исток а неговата откупна клаузула ќе биде околу 100 милиони евра. Англичаните наведуваат дека Арсенал е исто така заинтересиран за врвниот голгетер.
Луѓето од Челзи испратија нова понуда за голманот на Милан, Мајк Мењан, откако првата во висина од 15 милиони беше одбиена од италијанскиот состав. Медиумите наведуваат дека „сините“ ја подигнале сумата на 21 милион евра за потписот на Французинот кој сака да си замине од Италија иако има договор до јуни во 2026 година. Англискиот тим се надева дека ќе успее да го ангажира црномурестиот фудбалер пред да замине на Светското клупско првенство кое започнува на 14 јуни.
Трката за Големата награда на патеката во Мадрид влегува на местото на „Имола“ во календарот на Формула 1 за 2026 година. Тоа значи дека Шпанија во два наврата ќе биде во улога на домаќин бидејќи „Каталуња“ исто така ќе го задржи домаќинството. Промени има главно во распоредот, на пример, Големата награда на Канада ќе се одржи во мај. Европската сезона нема да започне до јуни со трката во Монако. Новитет е тоа што ќе има само две серии со три последователни викенди и тоа на крајот на сезоната.
Бовани Џонс проценува дека лидерот на Индијана, Тајрис Халибартон, не може да го однесе тимот до титулата во НБА лигата бидејќи го нема потребниот кавлитет. „Еве како знаете дека Халибартон не е супер-ѕвезда. Во првата половина од вториот натпревар, тој имаше околу 3 поени, 3 скока и неколку асистенции. На крајот заврши со 17 поени. Супер-ѕвездите не играат така“ – рече Џонс. Пејсерси вчера го загубија вториот меч кај Оклахома а Халибартон имаше разочарувачки ефект од 17 поени, 3 скока, 6 асистенции со 5 изгубени топки.
Кошаркарот на Кливленд, Дариус Гарланд, имаше операција на палецот на ногата и ќе биде надвор од терените околу четири до пет месеци. Кавалирс исто така соопштија дека Гарланд ќе ги продолжи кошаркарските активности до почетокот на тренинг-кампот кој обично започнува кон крајот на септември. 25- годишникот се повреди во регуларната сезона. Тој беше дел од годинешниов Ол-стар натпревар. Гарлан има просек од 20,6 поени и 6,7 асистенции во 75 натпревари како стартер.
Ракометниот клуб Алкалоид промовираше дури седум засилувања за наредната сезона во која ќе атакува на трофеите како на домашната така и на меѓународната сцена. -РК Алкалоид останува на определбата да биде составен во најголем дел од македонски ракометари кои ќе добијат врвни услови за тренинг, ќе работат според професионална програма и ќе имаат простор за напредок преку настапите на домашната и на европската сцена, – стои во објавата на Алкалоид. Нови имиња кај актуелниот освојувач на Европскиот Куп се: Ненад Костески, репрезентативно десно крило, Емилијан Ѓорговски – големиот потенцијал на левата бековска позиција, Михаил Аларов – репрезентативен пивот, десниот бек…
