Трката за Големата награда на патеката во Мадрид влегува на местото на „Имола“ во календарот на Формула 1 за 2026 година.
Тоа значи дека Шпанија во два наврата ќе биде во улога на домаќин бидејќи „Каталуња“ исто така ќе го задржи домаќинството. Промени има главно во распоредот, на пример, Големата награда на Канада ќе се одржи во мај. Европската сезона нема да започне до јуни со трката во Монако.
Новитет е тоа што ќе има само две серии со три последователни викенди и тоа на крајот на сезоната.

