Првиот човек на фудбалскиот состав Аталанта, Антонио Перкаси, вели дека тренерот, Иван Јуриќ, е идеално решение за замена на Џан Пјеро Гасперини кој седна на клупата во екипата на Рома.
„Сакаме да дадеме чувство на трајност на работата што е завршена во последните години а неговиот стил на фудбал е погоден за Аталанта“ – рече Перкаси.
„Тоа е бонус за мене и сега имам одлична можност. Тоа не се случува често“ – нагласи тренерот од Хрватска.

