Челниците на кошаркарскиот состав, Орландо Меџик, имаат големи амбиции за наредната сезона во НБА лигата.
Тие имаат намера да направат респектабилен состав и да се вклучат во трката за титулата. Според одредени наводи, Орландо сака да се раздели со крилниот центар Џонатан Исак, бекот Кол Ентони и двата пика од првата рунда на драфтот.
Тимот се стреми да направи големо освежување во ротацијата и да обезбеди квалитетни засилувања.

