Author: dino

NBA

Демар Керол ќе работи за Феникс Санс. Поранешниот НБА играч се пензионираше во сезоната 2019-20. Керол играше под водство на Џордан От во Бруклин и работеше со него во тренерските штабови на Лејкерси и Кливленд. Сега От го покани 38-годишниот специјалист да му се придружи во новата екипа.

Read More
NBA

Екипата на Чикаго сака да го задржи тренерот, Били Донован. „Булси“ не му дозволија на Њујорк да направи контакт со нивниот тренер. „Биковите го ценат Донован поради неговите тренерски способности, комуникациски вештини и врските со играчите. Донован се приклучи на списокот на тренери кои го одбија Њујорк. На листата фигурираат: Име Удока, Крис Финч, Џејсон Кид и Квин Снајдер.

Read More

Фудбалерот, Џовани Симеоне, би можел да го напушти Наполи а португалските состави Спортинг и Бенфика се меѓу можните дестинации за аргентинскиот напаѓач, објави доцна синоќа „Марка“. Тој има договор до наредното лето и дефинитивно може да размислува за нови предизвици во неговата кариера. Синот на познатиот Чоло Симеоне, влегува на радарот на шпанскиот состав Бетис како и кај италијанските екипи Торино, Џенова и  Пиза.

Read More

Арсен Венгер поранешниот менаџер на Арсенал, е назначен да ја води Техничката истражувачка група на ФИФА за Светското клупско првенство што ќе се одржи во Соединетите Американски Држави. Заедно со Венгер ќе работата големи имиња од светскиот фудбал, како што се Естебан Камбијасо, Алиу Сисе, Тобин Хит, Јирген Клинсман, Роберто Мартинез, Жилберто Силва.Групата ќе ги анализира сите натпревар со цел да се промовира и да се подобри разбирањето на фудбалот низ целиот свет.

Read More

Екипата на Интер потврди дека аргентинскиот фудбалер, Хоакин Кореја, го напушта тимот откако му истече договорот со „нероаѕурите“. Тој ќе замине во бразилскиот состав Ботафого и ќе настапи на Светското клупско првенство. Кореја во дресот на Интер настапуваше две сезони. Тој се појави на 64 мечеви и постигна 10 голови.

Read More

Кристијан Киву кој го наследи Инзаги на клупата на Интер, ќе има ново име во стручниот штаб. Станува збор за Александар Коларов кој ќе се врати во Италија и тоа на стадионот – Сан Сиро, објавија повеќето медиуми. Поранешниот фудбалер откако ја заврши кариерата во краток период работеше како спортски директор на Пиза а потоа стана тренер на младинската репрезентација на Србија.

Read More

Фудбалерот, Рајан Черки, потпиша за Манчестер Сити. Тој доаѓа од Лион за 34 милиони фунти. 21-годишниот француски репрезентативец кој во претходната сезона постигна 12 гола и имаше 20 асистенции, ќе биде вклучен во тимот кој ќе настапи на Светското клупско првенство. Неговата соработка со „граѓаните“ треба да трае до 2030 година.

Read More

Медиумите во Англија и Германија, тврдат дека Ливерпул и Баер Леверкузен постигнале принципиелен договор за големиот трансфер на фудбалерот, Флоријан Вирц, на стадионот – „Енфилд“. „Црвените“ за одличниот голгетер ќе треба да платат 150 милиони евра со вклучителни бонуси. Трансферот ќе собори три рекорди – за најскапа продажба на играч од германската елита, за најскапо платен фудбалер во историјата на Ливерпул и за најголем трансфер во историјата на Премиер лигата.

Read More

Кошаркарскиот состав Партизан влегол во напредни преговори со Дилан Осетковски од Уникаха Малага. 28-годишниот крилен играч на андалузискиот тим имаше просек од 9,4 поени, 4,5 скока и 1,9 асистенции, во Лигата на шампионите. Во исто време, 25-годишниот српски центар, Копривица, ќе го напушти „црно-белиот“ табор.

Read More

Лејн Хатсон, го доби трофејот за дебитант на годината во Националната хокеарска лига на САД и Канада. Второто место во гласањето го обезбеди голманот, Дастин Волф од Калгари додека канадскиот напаѓач, Меклин Челебрини од Сан Хозе, заврши како трет. 21-годишниот Хатсон со 6 голови и 60 асистенции, стана најпродуктивен меѓу почетниците во НХЛ.

Read More