Медиумите во Англија и Германија, тврдат дека Ливерпул и Баер Леверкузен постигнале принципиелен договор за големиот трансфер на фудбалерот, Флоријан Вирц, на стадионот – „Енфилд“.
„Црвените“ за одличниот голгетер ќе треба да платат 150 милиони евра со вклучителни бонуси.
Трансферот ќе собори три рекорди – за најскапа продажба на играч од германската елита, за најскапо платен фудбалер во историјата на Ливерпул и за најголем трансфер во историјата на Премиер лигата.

