Author: dino

Првиот човек на Тотенхем, Даниел Леви, објасни како дојде до разделба со тренерот, Анже Постекоглу, кој успеа да ги однесе „спарси“ до трофејот во Лига Европа. „Имавме одлична конекција со Постекоглу. Му реков дека секогаш ќе биде дел од нашата историја и дека ќе се радуваме ако повторно го видиме во клубот“ – рече Леви. „Одлуката за негово заминување беше колективна, не беше мое лично решение. Емоционално беше многу тешко“ – нагласи Леви.

Read More

Екипата на Ферари се огласи за прв пат по дисквалификацијата на легендарната патека Ле Ман во трката на издрживост. Возилото на Ферари беше исклучено поради прекршување на техничките правила иако Мигел Молина, Антонио Фуоко и Никлас Никлсен, успеаја да го обезбедат четвртото место на патеката – „Сарт“. Организаторите на трката утврдиле дека техничката поддршка на задните крила на возилото не биле поставени согласно прописите и дека драстично влијаеле на брзината на возилото на отворениот дел од патеката.

Read More

Македонските фудбалски претставници првата квалификациска рунда за новата сезона во Конференциската лига ќе ја отворат на гостински терен. Освојувачот на Купот, Вардар, ќе се сретне со Ла Фиорита од Сан Марино. Силекс ќе игра против Дечиќ од Црна Гора. Работнички ќе ги одмери силите со белорускиот Торпедо-Белаз. Првите пресметки ќе бидат на 10 јули а сите наши екипи ќе играат на гостински терен. Реваншите се закажани седум денови подоцна.

Read More

Марјан Илиевски утре на средба со новинарите ќе биде промовиран како нов селектор на сениорската кошаркарска репрезентација на Македонија. Илиевски кој е дел од КК Пелистер, паралелно ќе ги извршува функциите. Во неговиот стручен штаб ќе бидат: Боро Даскаловски, Мирко Петрески и Боби Митев. Македонија во август ја очекуваат претквалификациите за СП 2026. Во нашата група се Романија и Унгарија. Во наредната фаза ќе одат првите две селекции.

Read More

Фудбалерот на Баерн Минхен, Томас Милер, постигна два од гола во победата против Оукланд со 10:0 во првиот натпревар на Светското клупско првенство. Тој призна дека тимот се забавувал на теренот. „Игравме многу добро. Пристапивме сериозно и покажавме голема желба. По секој гол сакавме да постигнеме повеќе“ – рече Милер. „Се забавувавме и покрај жештината. Стадионот е одличен а теренот беше многу добро подготвен“ – рече ветеранот кој по собирот во САД ќе се раздели со Баварците.

Read More

Врвните италијански клубови се фрустрирани од барањата на канадскиот фудбалер, Џонатан Дејвид. Според весникот – „Ла Газета дело Спорт“, напаѓачот сака да добие 15 милиони евра за потпишувањето на договорот и да заработува 5 милиони евра годишно. Затоа Јувентус, Интер и Наполи, ќе се откажат од идејата да го ангажираат најдобриот стрелец на Лил. 25-годишниот напаѓач во последната сезона постигна 16 гола на 32 натпревари.

Read More

Винисиус Жуниор зборуваше за желбата на Реал Мадрид да го освои Светското клупско првенство. Неговиот тим во групната фаза ќе игра против Ал-Хилал (18 јуни), Пачука (22 јуни) и Ред Бул Салцбург (27 јуни). „Сакаме да го освоиме првото Светско клупско првенство бидејќи луѓето никогаш не го забораваат првиот турнир. Тоа е единствениот трофеј што Реал Мадрид го нема, па затоа сакаме да го освоиме“ – рече Бразилецот. „Многу е жешко тука. Нашиот прв натпревар е во три часот попладне. Мораме добро да се подготвиме“, рече 24-годишниот крилен напаѓач на „кралевите“.

Read More

Англискиот фудбалски состав Лидс го зајакна нападот за новата сезона со ангажман на Лукас Нмеча од екипата на Волфсбург.26-годишникот потпиша договор за две сезони. Тој помина низ академијата на Манчестер Сити пред да се приклучи на германскиот тим во 2021 година. Играчот во еден период имаше настапи за Престон, Мидлсбро и Андерлехт. Минатата сезона одигра 20 натпревари во Бундес-лигата и постигна 3 гола.

Read More

Астон Вила може да направи ретко виден потег за да го купи Маркус Рашорд од Манчестер Јунајтед. Наводно, раководството на Бирмингем е решено да го продаде женскиот состав само за да го задржи англискиот репрезентативец, кој беше на позајмица. Таков потег направи Челзи пред една година кога го продаде женскиот тим на инвестицискиот фонд – „BlueCo 22“.

Read More

Шефот на тимот на Мекларен во Формула 1, Андреа Стела, го коментираше инцидентот меѓу Ландо Норис и Оскар Пјастри. „ Сигурно не сакаме да видиме два од нашите автомобили да се судрат еден со друг на патеката. Мора да го испитаме инцидентот“ – рече Стела.„Ландо едноставно не го проценил правилно растојанието до автомобилот пред него и затоа го удри Оскар“ – рече Стела.

Read More