Македонските фудбалски претставници првата квалификациска рунда за новата сезона во Конференциската лига ќе ја отворат на гостински терен.
Освојувачот на Купот, Вардар, ќе се сретне со Ла Фиорита од Сан Марино. Силекс ќе игра против Дечиќ од Црна Гора. Работнички ќе ги одмери силите со белорускиот Торпедо-Белаз.
Првите пресметки ќе бидат на 10 јули а сите наши екипи ќе играат на гостински терен. Реваншите се закажани седум денови подоцна.

