Англискиот фудбалски состав Лидс го зајакна нападот за новата сезона со ангажман на Лукас Нмеча од екипата на Волфсбург.
26-годишникот потпиша договор за две сезони. Тој помина низ академијата на Манчестер Сити пред да се приклучи на германскиот тим во 2021 година.
Играчот во еден период имаше настапи за Престон, Мидлсбро и Андерлехт. Минатата сезона одигра 20 натпревари во Бундес-лигата и постигна 3 гола.

