Екипата на Ферари се огласи за прв пат по дисквалификацијата на легендарната патека Ле Ман во трката на издрживост.
Возилото на Ферари беше исклучено поради прекршување на техничките правила иако Мигел Молина, Антонио Фуоко и Никлас Никлсен, успеаја да го обезбедат четвртото место на патеката – „Сарт“.
Организаторите на трката утврдиле дека техничката поддршка на задните крила на возилото не биле поставени согласно прописите и дека драстично влијаеле на брзината на возилото на отворениот дел од патеката.

