Цеск Фабрегас би можел во иднина да го замени Пеп Гвардиола на кромилото во Манчестер Сити, објави новинарот, Стив Кеј. Тој наведува дека англискиот клуб е импресиониран од тактичката остроумност на 38-годишниот специјалист и верува дека би можел да ја преземе функцијата главен тренер кога Шпанецот ќе си замине од редовите на „граѓаните“. Тековниот договор на Пеп е валиден до 30 јули во 2027 година. Фабрегас сега го води италијанскиот состав Комо.
Author: dino
Јувентус и француската фудбалска репрезентација му честитаа на Мишел Платини. Трикратниот освојувач на „Златната топка“ денеска полни 70 години.„ Кралот Мишел“ наполни 70 години! Среќен роденден, легендо на францускиот фудбал “, – напиша фудбалска репрезентација на социјалните мрежи . „Едноставно крал! Среќен роденден, се вели во соопштението на Јувентус. Платини одигра 72 натпревари и постигна 41 гол за француската репрезентација. Со тимот го освои Евро 1984. Мишел играше за клубот од Торино од 1982 до 1987 година и освои 7 трофеи, вклучувајќи го Купот на европските шампиони и две Скудета.По завршувањето на кариерата, поранешниот играч на Нанси и Сент Етјен…
Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, нема да се појави и на вториот меч на Светското клупско првенство во САД. Новиот тренер на „кралевите“, Чаби Алонсо, не сака да ризикува со брзоногиот напаѓач и ќе го изостави од списокот за мечот со Пачука. Ќе потсетиме дека Мбапе беше хоспитализиран поради стомачни проблеми. Според шпанските медиуми, тој може да се појави на теренот дури на 27 јуни во последното коло кога „кралевите“ ќе играат со РБ Салцбург на стадионот во Филаделфија.
Тренерот на фудбалерите на Борусија Дортмунд, Нико Ковач, верува дека европските тимови се во неповолна положба на Светското клупско првенство поради високите температури во Соединетите Американски Држави. „Клубовите од подалеку на југ имаат голема предност поради жештината“, изјави Нико Ковач пред новинарите пред вториот натпревар од групата против јужноафриканскиот тим Мамелоди. „ Мечот во Синсинати ќе се игра на пладневна жештина. Можете да замислите што значи тоа за играчите. На теренот е за два или три степени потопло“ – рече тој. Временската прогноза предвидува температури од 34 степени.
Генералниот менаџер на Едмонтон, Стен Боман, потенцира дека сака да го задржи канадскиот хокеар, Конор Мекдејвид, кој има договор до крајот на наредната сезона. „Конор е најдобриот играч во лигата и наш лидер. Тој е приоритет број еден за нас и ќе биде движечката сила во процесот на преговори. Тој е клучен играч за тимот, не само поради неговите вештини на мразот, туку и поради неговите лидерски квалитети“ – рече Боман. Мекдејвид со сезоната 2025-2026 ќе го заокружи осумгодишниот договор со плата од 12,5 милиони долари по сезона.
Партизан може да го обезбеди кошаркарот на Барселона, Џабари Паркер, наведуваат дел од медиумите. 30-годишниот Американец по две години поминати на Пиринеите веројатно ќе си замине од Каталонија од финансиски причини. За неговиот потпис се заинтересирани неколку екипи но, „црно-белите“ од Белград се во пол-позиција, проценуваат медиумите. Српскиот состав деновиве потврди дека ја продолжил лиценцата со Евро-лигата откако во изминатата сезона не успеа да се квалификува за плеј-ин. Ќе потсетиме дека Паркер на времето беше дел од НБА лигата и играше за Милвоки, Чикаго, Вашингтон, Сакраменто, Атланта и Бостон.
Повеќе фудбалски екипи се заинтересирани за потписот на Ентони кој во претходната сезона играше како позајмен во Бетис. Бразилецот кој е во сопственост на Манчестер Јунајтед сака да остане во Шпанија но, неговиот сегашен состав не може да си дозволи од финансиска гледна точка да му го откупи договорот. Во исто време, англискиот тим сака по секоја цена да го продаде фудбалерот за да се ослободи од неговата висока плата. 25-годишниот играч добива околу 200 илјади фунти неделно со тоа што двата клуба покриваат по една половина.
Легендарниот ракометар на Вардар, Иван Чупиќ, ја доби довербата од управата и ја презеде тренерската функција во поранешниот европски шампион. 39-годишниот Хрват денеска на официјалната прес-конференција ги изнесе неговите размислувања. „Многу сум среќен но, и благодарен до мојот клуб Метковиќ бидејќи веднаш кога дојде повикот од Вардар ми дозволи да заминам. Сите знаете колку ми значи Вардар, Скопје и Македонија како и „Комити“. Сакам да ветам дека јас и целата моја екипа мора да понесеме одговорност, да бидеме почестени што претставуваме еден голем клуб како Вардар“ – рече Чупиќ. „Сакам овој град повторно да заживее за Вардар. Со огромен ентузијазам и…
Првиот човек на Вардар 1961, Михајло Михајловски, денеска на средба со новинарите го промовираше Иван Чупиќ како нов тренер на „црвено-црните“. „Оптимист сум за наредната сезона, целта ќе биде да се врати пехарот во првенството и Купот а во Европската лига која е се посилна сакаме да се пласираме барем меѓу осумте најдобри. Сите Чупиќ го паметите како легенда на Вардар, човек кој во 2017 година ја обезбеди титулата во Лигата на шампионите“ – рече Михајловски. „Мене и мојот тим не поттикна да го одбереме Чупиќ поради тоа што уште кога играше во Вардар покажуваше тренерски амбиции. Тој при заминувањето…
Српскиот фудбалски напаѓач, Душан Влаховиќ, сака да направи трансфер во Милан, објавија дел од медиумите на Апенините. Тој е на излезната врата од Јувентус откако челниците на „старата дама“, најавија дека сакаат да го продадат една година пред да му истече договорот за да се ослободат од неговата висока плата. 25-годишниот фудбалер во текот на зимата имаше неколку атрактивни финансиски понуди од Саудиска Арабија но, очигледно нема намера да замине на друг континент.
