Author: dino

Новинарот, Џанлука Ди Марцио, објави дека луѓето од Јувентус контактирале со агентите на фудбалерот, Џонатан Дејвид. Клубот од Торино има намера да му понуди соработка на Канаѓанецот кој патем кажано, добил понуди и од Саудиска Арабија. Тој во последната сезона во Лига 1 одигра 32 натпревари за Лил и постигна 16 голови. Брзоногиот играч го одработи договорот со францускиот тим.

Read More

Екипата на Лидс која во наредната сезона ќе биде дел од Премиер-лигата, го засили ростерот со словенечкиот фудбалски репрезентативец, Јака Бијол. Дефанзивецот кој доаѓа од Удинезе потпиша договор до 2030 година. Трансферот изнесува  вкупно 22 милиони евра со вклучени бонуси. 26-годишниот фудбалер во изминатата сезона одигра 37 натпревари и постигна 2 гола.

Read More

Англискиот фудбалски состав, Нотингем Форест, ќе ги обезбеди услугите на двајца играчи на Јувентус, објавија денеска дел од медиумите.   Според „ESPN“, клубовите постигнале договор за трансфер на Тимоти Веа и Самуел Мбангула за вкупни 22 милиони евра. Веа одигра 30 натпревари и постигна 5 голови во претходната сезона во Серија „А“ додека Мбангула има 23 настапи и 3 гола.

Read More

Извршниот директор на UFC, Дејна Вајт, откри детали за одложената борбата за меѓу Џон Џонс и Том Аспинал. Според Вајт, „ мечот бил договорен“ но, нешто се случило од страната на Џонс и договорот пропаднал. Вајт не е сигурен дали неодамнешните правни проблеми на Џонс се причина за таквиот развој на настаните.

Read More

Андреа Тринкиери, може да остане во Евролигата. Тој е фаворит за тренерската позиција во екипата на Дубаи. Клубот од ОАЕ ќе дебитира во клупското натпреварување на Стариот континент во новата сезона. 56-годишниот Тринкиери се раздели од Жалгирис Каунас . Тој има работено во Партизан и Баерн Минхен.

Read More
NBA

Центарот на Далас, Даниел Гафорд,  се согласи на нов договор кој ќе биде валиден до сезоната 2028-29. Кошаркарот кој е висок 208 сантиметри ќе добие 14 милиони долари за наредната сезона пред да стапи на сила неговиот нов договор. 26-годишникот во претходниот шампионат одигра 57 натпревари, постигнувајќи просек од 12,3 поени, 6,8 скока и 1,8 блокади.

Read More
NBA

Луѓето од  Лос Анџелес немаат намера да преговараат со кошаркарот на Џон Колинс, велат последните информации од САД. Тоа го потврдува и инсајдер Марк Штајн кој напиша дека „езерџиите“ не се заинтересирани да го ангажираат. 27-годишниот Колинс во изминатата сезона одигра 40 натпревари, постигнувајќи просек од 19 поени и 8,2 скока.

Read More

Италијанскиот фудбалски состав Интер, потврди дека го продаде младиот голман, Филип Станковиќ откако луѓето од Венеција ја активираа откупната клаузула. 23-годишниот Србин потпиша договор до летото во 2029-та. Според италијанските медиуми, трансферната сума е 2 милиони евра. Филип е син на поранешниот српски репрезентативец и играч на Интер, Дејан Станковиќ. Во сезоната 2024/25, голманот одигра 16 натпревари за Венеција.

Read More

Челниците на фудбалскиот состав Милан размислува за трансфер на украинскиот дефанзивец, Олександр Зинченко, кој се наоѓа на платниот список на Арсенал. Тој треба да биде замена за францускиот репрезентативец, Тео Ернандез, кој според најавите треба да замине во екипата на Ал Хилал од Саудиска Арабија. Италијанците за 28-годишниот Зинченко ќе треба да платат околу 20 милиони евра.

Read More
NBA

Кошаркарскиот состав Денвер ги именуваше раководителите на клучните оддели во административниот дел. Бен Тенцер, кој беше привремен генерален директор, ќе ги преземе кошаркарските операции како извршен потпретседател. Нагетсите исто така ќе го постават Џон Волас на позицијата потпретседател на персоналот на играчите. Двајцата менаџери за сите активности ќе го известуваат генералниот директор, Џош Кронке.

Read More