Новинарот, Џанлука Ди Марцио, објави дека луѓето од Јувентус контактирале со агентите на фудбалерот, Џонатан Дејвид.
Клубот од Торино има намера да му понуди соработка на Канаѓанецот кој патем кажано, добил понуди и од Саудиска Арабија.
Тој во последната сезона во Лига 1 одигра 32 натпревари за Лил и постигна 16 голови. Брзоногиот играч го одработи договорот со францускиот тим.

