Центарот на Далас, Даниел Гафорд, се согласи на нов договор кој ќе биде валиден до сезоната 2028-29.
Кошаркарот кој е висок 208 сантиметри ќе добие 14 милиони долари за наредната сезона пред да стапи на сила неговиот нов договор.
26-годишникот во претходниот шампионат одигра 57 натпревари, постигнувајќи просек од 12,3 поени, 6,8 скока и 1,8 блокади.

