Фудбалерот на Баерн Минхен, Томас Милер, постигна два од гола во победата против Оукланд со 10:0 во првиот натпревар на Светското клупско првенство. Тој призна дека тимот се забавувал на теренот.
„Игравме многу добро. Пристапивме сериозно и покажавме голема желба. По секој гол сакавме да постигнеме повеќе“ – рече Милер.
„Се забавувавме и покрај жештината. Стадионот е одличен а теренот беше многу добро подготвен“ – рече ветеранот кој по собирот во САД ќе се раздели со Баварците.

