Фудбалерот, Тео Ернандез, сака да се пресели во Атлетико Мадрид иако има одлична понуда од Саудиска Арабија.
Францускиот интернационалец е свесен дека ќе мора си замине од Милан иако има договор до наредното лето. 27 годишниот бек во претходната сезона, одигра 49 натпревари со ефект од 5 голови и 6 асистенции.
Се претпоставува дека „росонерите“ би можел да прифатат понуда од околу 20 милиони евра плус бонуси.

