Кошаркарот на Индијана, Ти Џеј Меконел, вели дека етикетата – „преценет“ за Халибартон е апсурдна.
„Тоа е една од најглупавите работи што сум ги слушнал во животот. Тајрис е последната личност што би ја нарекле „преценета“.Тој е неверојатен соиграч. Тоа му го покажа на светот во овие плејоф натпревари. Луѓето не го гледаат каков човек и соиграч е тој“, рече Меконел.
Ти Џеј Меконел и Тајрис Халибартон се заедно во Пејсерс од 2022 година.

