Лидерот на Индијана Пејсерс, Тајрис Халибартон, даде проценка на ситуацијата пред решавачкиот седми натпревар против Оклахома во финалната серија на кошаркарската НБА лига.
„Сите ќе зборуваат за тоа колку добро изгледавме, колку одлично игравме, колку е под притисок Оклахома Сити. Тоа ќе биде главната тема на разговор во наредните два дена. Мора да се држиме настрана од тоа“ – рече Халибартон.
Индијана ја победи Оклахома во шестиот натпревар од финалната серија со 108:91 и се избори за мајсторка.

