Тренерот на кошаркарите на Хјустон , Име Удока, се согласи на долгорочно продолжување на соработката, објави ESPN.
47-годишниот стратег ги предводеше „Рокетс“ до второто место во Западната конференција со ефект од 52 победи и 30-ет порази. Неговите избраници загубија од Голден Стејт Вориорс во првото коло од плеј-офот.
Удока им се придружи на „ракетите“ откако беше отпуштен од Бостон Селтикс во сезоната 2022/23 поради кршење на правилата на тимот. Тој има остварено144 победи и претрпено 102 порази.

