Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски ја запиша втората победа на ИТФ фјучерсот во Загреб со награден фонд од 15.000 долари.
Тој по голема борба славеше против вториот носител, Душан Обрадовиќ од Србија со 2-1, по сетови: 2-6, 6-1 6-2.
Ивановски сега го четвртфиналето во хрватската престолнина против домашниот тенисер, Вито Тонејц, кој успеа да го елиминира петтиот носител Раџеновиќ од Србија.

