Author: dino

РБ Лајпциг е подготвен да се раздели со Кастело Лукеба. 22-годишниот фудбалер влегува на радарот на Ливерпул, Баерн Минхен и Тотенхем. Иако во неговиот договор кој е валиден до летото во 2029 година има откупна клузула од 90 милиони евра, германскиот тим е подготвен да профати и пониска понуда. Французинот во претходната сезона одигра 31 натпревар во сите конкуренции.

Read More

Дејан Манасков ја продолжи соработката со ракометниот состав Еурофарм Пелистер, потврди денеска битолскиот состав.„Шампионскиот ген на Дејан Манасков и следната сезона ќе ги радува навивачите на Еурофарм Пелистер. Шампионот на Македонија и левото крило постигнаа договор за продолжување на соработката за уште една сезона и Манасков и во сезоната 2025/26 ќе го носи зелено-белиот дрес. Ни причинува задоволство што уште еден победник и ракометар со големо акумулирано искуство ќе настапува за Еурофарм Пелистер во домашните натпреварувања и Лигата на шампионите“, велат од Еурофарм Пелистер. Манасков претходно играше во Борец, Металург, Вецлар, Вардар, Рајн-Некар Левен и Веспрем.

Read More

Фудбалерот од средниот ред на Фиорентина, Роландо Мандрагора, би можел да ја продолжи соработката со клубот. Раководството на „виолетовите“ сака да потпише нов договор со 28-годишниот Италијанец. Тој во претходната сезона одигра 43 натпревари со ефект од 9 голови и  6 асистенции. Тековниот договор на играчот е валиден до 2026 година. Според непотврдени информации, за неговиот потпис се заинтересирани Болоња и Бетис.

Read More

Јувентус размислува да го ангажира на позајмица младиот напаѓач на Реал Мадрид, Ендрик Фелипе, тврди „Тутоспорт“. 18-годишникот во претходната сезона започна само еднаш во 22 натпревари во Ла Лига. Тој имаше забележителни настапи во Купот на кралот и постигна 5 голови на шест мечеви. Во исто време, Душан Влаховиќ, дефинитивно нема да го продолжи договорот со екипата од Торино.

Read More

Кубанскиот кошаркаш, Хасијел Риверо, има реални шанси да пристигне во Србија, велат последните информации. 31-годишникот по две сезони си замина од Макаби Тел Авив. Тој за израелскиот тим имаше 20 мечеви во Евролигата и направи просек од 10,2 поена и 4,4 скока. Риверо претходно играше за Капиталино, Естудијантес, Бока, Бургос и Валенсија.

Read More

Најдобриот поентер на Црвена Ѕвезда од Белград, Филип Петрушев, размислува да го напушти тимот. Српскиот интернационалец е играч на Олимпијакос и може да ја активира клаузулата за заминување во висина од 1,2 милиони евра. Тој има намера да се врати во НБА. Доколку не дојде соодветна понуда од САД, Петрушев веројатно ќе игра за грчкиот состав.

Read More
NBA

Кошаркарот, Тајус Џонс, ќе му се приклучи на тимот на Орландо во НБА лигата. Поентерот кој има 29 години ќе потпише едногодишен договор вреден 7 милиони долари. Џонс во изминатата сезона играше за Финикс, постигнувајќи просек од 10,2 поени, 5,3 асистенции и 2,4 скока. Бекот кој е висок 185 сантиметри, имаше забележителен ефект за тројки или статистички гледно – 41 процент.

Read More
NBA

Кошаркарот на Минесота во НБА лигата, Лука Гарза, ќе се пресели во редовите на Бостон Селтикс, објавија дел од медиумите во САД. Центарот ќе потпише договор за две години за вкупни 5,5 милиони долари. Гарза ги помина последните три години во Минесота. Таму во  сезоната 2024-25 имаше просек од 3,5 поени, 1,4 скока и 0,3 асистенции за 5,6 минути поминати на теренот.  

Read More

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ќе играат во Групата „Б“ во новата сезона во Лигата на шампионите. Противници на Битолачи ќе им бидат: Висла (Полска), Барселона (Шпанија) ПСЖ (Франција), ГОГ (Данска), Магдебург (Германија), Пик Сегед (Унгарија) и Загреб (Хрватска). По денешната ждрепка во Групата „А“ влегоа: Алборг (Данска), Фуксе Берлин (Германија), Веспрем (Унгарија), Кијелце (Полска), Нант (Франција), Динамо Букурешт (Романија), Спортинг (Португалија) и Колштад (Норвешка).

Read More

Фудбалерот  на Јувентус, Мануел Локатели, го коментираше тешкиот пораз од Манчестер Сити со 5:2. „Бјанконерите“ завршија втори во Групата „Г“ на Светското клупско првенство и во наредната рунда ќе играат со Реал Мадрид. „Мислам дека одигравме слаб натпревар и направивме многу грешки. Сега мора да се опоравиме и да се фокусираме на мечот што доаѓа“ – рече Локатели.

Read More