Кошаркарот на Бруклин, Егор Демин, вели дека е подготвен да ја покрие секоја позиција иако главната улога му е да биде организатор на нападот.
„Целиот живот сум плеј-мејкер но, исто така сум подготвен да направам сè што е потребно за да го направам тимот успешен. Значи, ако тренерот сака да бидам центар, ќе бидам центар, нема проблем“ – рече Демин.
„Мислам дека кошарката е место за креативност. За мене е како уметност “ – рече играчот на Бруклин.

