Генералниот менаџер на Голден Стејт Вориорс, Мајк Данливи, зборуваше за преговорите со кошаркарот, Џонатан Куминга.
„Приоритет за двете страни е да постигнат договор што е можно побрзо. На крајот на краиштата, од Куминга зависи дали ќе потпише и дали сака да остане тука“ – рече менаџерот.
Куминга регуларниот дел од сезоната во НБА ја заврши со просек од 15,3 поени, 4,6 скока и 2,2 асистенции на 47 натпревари.

