Ракометниот состав на Еурофарм Пелистер и тренерот, Раул Алонсо, спогодбено го раскинаа договорот бидејќи 46-годишниот Шпанец побарал да си замине од Битола откако се појавија шпекуации дека има понуда од екипата на Лајпциг.
„Еурофарм Пелистер и Раул Алонсо спогодбено ја прекинаа соработката. Toa дојде по барање на тренерот, кој поради приватни причини сака да се врати во Германија .Еурофарм Пелистер му се заблагодарува на Раул и му посакува многу успех понатаму!“, се вели во соопштението на шампионот.
Кој ќе го замени веројатно ќе биде објавено набрзо пред стартот на подготовките за наредната сезона.

