Екипата на Јувентус сака да го продаде српскиот напаѓач, Душан Влаховиќ, за околу 15 милиони евра.
„Старата дама“ драстично го намали барањето само за да се ослободи од фудбалерот кој има договор за уште една година. Влаховиќ во изминатата сезона се појави на 44 натпревари со ефект од 17 голови и 5 асистенции.
Според одредени шпекулации, за неговиот потпис се заинтересирани неколку екипи од Англија.

