Возачот на Мекларен, Ландо Норис, кој во сезонава се бори за титулата во Формула 1, одговори на прашање за тоа какво наследство ќе остави во така наречениот – „циркус на тркала“.
„Сакам луѓето да знаат кој сум како личност – тоа е поважно од сè друго. Не ме загрижува наследството или тоа да бидам запаметен како еден од најдобрите возачи Некои луѓе сакаат да бидат запаметени како „најдобрите во историјата“- вели Норис.
„Мислам дека на крајот сите забораваат. Значи, за мене, тоа е бесмислено.За мене е важно да ги постигнам целите во мојата кариера и во животот“ – рече Британецот.
