Барселона може да го ангажира крилниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд. Во исто време и Англичанецот не ја крие желбата да заигра на „Камп Ноу“.
Затоа преговорите може да бидат успешни, најавуваат добрите познавачи на фудбалот. Каталонците имаат намера да го земат Рашфорд на позајмица со опција за откуп на крајот на наредната сезона.
„Црвените ѓаволи“ пак, инсистираат да го продадат играчот за да се ослободат од неговата висока плата.

