Напаѓачот на Вардар, Азер Омерагиќ, пред првиот меч со Ла Фиорита од Сан Марино во Конференциската лига на УЕФА, истакна дека сите посакуваат стартна победа и мирен реванш.
„Максимално сме подготвени. Никого не потценуваме, знаеме дека сме подобар состав и тоа треба да го докажеме. Не мотивира настапот во Европа“ – вели Омерагиќ.
„Првиот меч го играме дома и ќе гледаме да си ја завршиме задачата. Треба да притиснеме од самиот почетокот за да ја оствариме целта. Сакаме победа пред нашите навивачи“ – рече Омерагиќ.

