Крилниот напаѓач, Нони Мадуеке, ќе ја продолжи кариерата во Арсенал откако „топџиите“ се договориле со луѓето од Челзи.
Трансферот на 23-годишниот фудбалер ќе биде преку 50 милиони фунти со вклучени бонуси. Мадуеке ќе добие договор за пет години.
Црномурестиот играч помина две и половина сезони во дресот на „сините“ со ефект од 13 голови во 67 натпревари во Премиер лигата.

