Тренерот на фудбалерите на Вардар, Гоце Седлоски, верува дека неговите избраници ќе одиграат добар меч и ќе забележат сигурна победа против Ла Фиорита на стартот на квалификациите за Конференциската Лига.
„Одработивме добри подготовки во овие месец дена, дома и во Словенија. Вардар нема играно во Европа подолго време. Знаеме каков ривал не очекува“ – вели Седлоски.
„Јас сум фокусиран само на моите играчи. Во денешниот фудбал нема фаворити, затоа ќе бидеме внимателни. Најважно ми е екипата да ми влезе без опуштање“ – потенцираше тренерот на „црвено-црните“.

