Американскиот стручњак ,Мајк Браун, е именуван за нов тренер на Њујорк. Тој го замени Том Тибодо кој беше отпуштен во почетокот на јуни.
„Никси“ во последната НБА сезона стигнаа до финалето на плеј-офот во Источната конференција. Таму загубија од Индијана.
Браун ги водеше екипите на Кливленд, ЛА Лејкерс и Сакраменто а во еден период асистираше во Вашингтон, Сан Антонио, Индијана и Голден Стејт. Тој беше прогласен за најдобар тренер во НБА во 2009 и 2023 година.

