Возачот на Дукати, Марк Маркез, победи на трката за Големата награда на Германија која беше исполнета со многу инциденти и откажувања на возачите.
Второто место му припадна на Алекс Маркез (Гресини) додека третото го обезбеди Франческо Бањаја. Поради големиот број несреќи и излетувања, само 10 од 18 пилоти успеаја да стигнат до целта.
Марк со денешните бодови останува лидер во трката за шампионскиот пехар. Зад него се Алекс и Бањаја. Наредната трка во Мото Гран При ќе биде реализирана на 20 јули на патеката во Чешка.

