Првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез, нема да му ја исполни желбата на новиот тренер, Чаби Алонсо, за ангажирање на дефанзивен фудбалер кој би дејствувал во центарот на одбраната.
На состанокот одржан по враќањето од Светско клупско првенство во САД, Перез изразил разочарување од настапот на шпанскиот гигант и јасно ставил до знаење дека ќе троши пари само за играч од светска класа.
Алонсо, пак, навел неколку имиња на фудбалери што сака да ги има во тимот но, неговиот предлог бил одбиен.

