Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Дариус Бејзли, мораше со количка да го напушти мечот со Бостон откако се здоби со повреда.
Тој во втората четвртина во обид да стигне до кошот падна на теренот и почна да се превртува од болка. Природата и сериозноста на повредата сè уште не се познати.
Бејзли во летната лига има просек од 12,3 поени, 6,6 скока и 2,3 блокади по натпревар.

