Кошаркарскиот состав Лос Анџелес одлучи да ја прекине соработката со 26-годишниот одбранбен играч, Џордан Годвин (193 см).
Неговото заминување и воедно разделбата со Шејк Милтон, треба да им помогне на Лејкерси да ослободат простор за привлекување на Маркус Смарт.
Годвин во претходната сезона на 29 натпревари дојде до просек од 5,6 поени, 3,9 скока и 1,4 асистенции за речиси 19 минути поминати на теренот.

