Фудбалскиот состав на Јувентус ќе се раздели со Тимоти Веа и младиот Мбангула за да обезбеди доволно средства за ангажман на Џејдон Санчо.
Според најавите, Веа ќе оди во францускиот состав Олимпик Марсеј додека младиот крилен играч има реални шанси да го облече дресот на германскиот Вердер Бремен. Токму приходите од двата трансфера треба да и овозможат на „старата дама“ да го ангажира Санчо.
Паралелно, Манчестер Јунајтед ја спушти трансферната сума за неговиот фудбалер на околу 25 милиони евра.

