24-годишниот фудбалер, Нил Ел Ајануи, потпиша договор со Рома до 2030 година, се пофали доцна синоќа елитниот состав од Рим на социјалните мрежи.
Станува збор за млад играч кој е дел од репрезентацијата на Мароко. Тој доаѓа на „Чизмата“ откако италијанците се согласија да му платат 25 милиони евра на францускиот Ленс.
Нил во Лига 1 има одиграно 130 натпревари со ефект од 17 голови.

