Македонскиот кајакар, Кристијан Смилев, успеа да влезе во финалето во дисциплината К1 на Европскиот Младински Олимписки Фестивал – ЕМОФ Скопје 2025.
Тој денеска имаше одлично возење во квалификациите обезбедувајќи го третото место. Пред него завршија само Марек Кулчиски од Полска и Аркип Крачко од Украина.
Според предвидената програма, Смилев кој на отворањето на ЕМОФ 2025 го носеше знамето на Македонија, доцна попладне ќе има шанса да се бори за медал.

