Легендарната, Венус Вилијамс, ќе учествува на тенискиот турнир во Синсинати кој ќе се одржи од 7 до 18 август со награден фонд од 5.152.599 долари.
45-годишната Американка доби „вајлд карта“ од организаторите. Таа вчера на турнирот во Вашингтон ја победи сонародничката Пејтон Стернс со што стана највозрасната тенисерка која остварила триумф на ВТА турнир гледано од 2004 година.
Тогаш Мартина Навратилова успеа да победи на 47-годишна возраст.

