Претседателот на МОК, Даниел Димевски им се заблагодари на сите учесници и истакна дека Македонија повторно покажа дека може да организира настан од европско значење со срце, страст и професионалност.
Претседателот на Европските олимписки комитети, Спирос Капралос, официјално го прогласи фестивалот за затворен. Беше интонирана химната на Европските олимписки комитети – „Ода на радоста“, беше свечено спуштено знамето на ЕОК а олимпискиот оган на ЕМОФ беше изгаснат.
Маскотата „Shiny“ последен пат ги поздрави присутните и го предаде знамето кое потоа беше врачено на градоначалничката на Лињано Сабјадоро, Лаура Ѓорџи, и на Џорџо Брандолин, претседател на организацискиот одбор на следниот летен ЕМОФ 2027.

