Дефанзивецот на фудбалскоиот состав Манчестер Јунајтед, Матијс де Лихт, се надева на подобра сезона од претходната.
„Треба да ја вратиме самодовербата. Сега во тимот владее позитивно расположение a пристигнаа i нови играчи. Имаме многу време да тренираме заедно, тоа е многу значајно“ – рече стоперот.
„Се надеваме дека ќе можеме да им дадеме на навивачите повеќе причини да бидат среќни. Штета е што ќе ги пропуштиме Европските купови“ – вели играчот на „црвените ѓаволи“.

