Хапоел Тел Авив го објави назначувањето на Манос Пападопулос за директор на оделот задолжен за надворешни односи и стратегија на клубот и интеракција со Евро-лигата.
Тој ќе биде одговорен за развивање, градење професионална соработка, стратешки развој, како и административна поддршка и лидерство.
Пападопулос има богато искуство во европската кошарка бидејќи во поголем дел од кариерата работеше во Панатинаикос.

