Тренерот на Јувентус, Игор Тудор, беше задоволен по победата од 2-0 против Парма во првиот сезонски натпревар во Серија „А“. „Беше тежок натпревар, не очекувавме Парма да игра толку смирено. На полувремето им кажав на момците дека мора да продолжат да напаѓаат“ – вели Тудор. „Првите натпревари никогаш не се лесни. Парма играше со прилично старомодна тактика, слична на Катанаџо“ – рече Тудор.
Author: dino
Кошаркарот, П.Џ. Вашингтон, до крајот на работнава неделава ќе има можност да потпише нов четиригодишен договор со Далас вреден нешто помалку од 90 милиони долари. Доколку тоа се случи, 27 годишникот ќе добие 20% зголемување на платата во првата година за сезоната 2025/26. Воедно, тој не може да биде продаден во првите шест месеци. Вашингтон во претходната сезона имаше просек од 14,7 поени и 7,8 скока во 57 натпревари.
Луѓето од Аталанта сакаат да види како Тре Јанг ќе продолжи да гради хемија со Џален Џонсон пред да прави какви било долгорочни планови за иднината. Малку е веројатно дека Јанг ќе потпише продолжување на договорот со „Хоксите“ во текот на летово. Одбранбениот играч моментално има право на четиригодишно продолжување на договорот во вредност од 229 милиони долари.
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и Фудбалскиот клуб Брегалница најостро го осудија инцидентот што се случи денеска на натпревар од младинската Суперлига во Штип, меѓу екипите на Брегалница и Шкупи, кога дел од родителите на гостинските фудбалери влегоа на теренот и физички нападнаа неколку млади играчи на домашниот тим. -Длабоко сме вознемирени од фактот што едно од децата претрпе сериозни повреди и скршеници како последица на нападот. Тоа е нешто што никогаш не смее да се дозволи да се повтори. ФФМ ќе преземе сите неопходни чекори – поведена ќе биде дисциплинска постапка против ФК Шкупи и одговорните лица а сторителите…
Репрезентативецот на Германија, Давид Кремер, заработи потешка повреда и нема да настапи на претстојниот Европски кошаркарски шампионат. Медицинските тестови потврдија дека поентерот нема да патува во Финска во групната фаза од турнирот. Кремер во новата сезона ќе го носи дресот на Реал Мадрид откако си замина од Тенерифе.
Шефот на тимот на Ферари во Формула 1, Фредерик Васер, проговори за очајната ситуација на Луис Хамилтон по квалификациите за Големата награда на Унгарија. „Не морам да го мотивирам, искрено, тој е разочаран, но, не е демотивиран. Понекогаш возачите даваат коментари додека се во автомобилот“ – вели Васер. „Сепак, знаеме дека се движиме во вистинска насока. Разликите се многу мали“ – потенцираше Васер.
Челниците на фудбалскиот состав Вест Хем по двата стартни пораза во Премиер лигата од Сандерленд (гости) и Челзи (дома), немаат намера да се разделат со менаџерот, Грем Потер, наведуваат денеска медиумите во Англија. Тој годинава во јануари го наследи Хулен Лоптеги и успеа да ги задржи „чеканите“ во елитата на островот. Се верува дека Потер ќе го предводи тимот во претстојните дуели против Вулверхемптон во Лига купот и против Нотингем Форест во Премиер-лигата.
Легендарниот играч на Баерн Минхен и на Германија, Томас Милер, го даде дебитантскиот гол откако во текот на летото се пресели во САД. Токму со неговиот погодок , Ванкувер успеа да победи против Сент Луис Сити со 3-2 во крајно драматична завршница во натпревар од МЛС Лигата. „Тоа беше неверојатен момент за мене. Ми се допаѓа да бидам под притисок и кога моите соиграчи ми честитаа, чувството да го постигнам тој гол пред нашите навивачи беше многу убаво“ – рече Милер.
Тренерот на фудбалерите на Баер Леверкузен, Ерик тен Хаг, имаше лошо деби во Бундес-лигата откако неговиот тим загуби на домашен терен од Хофенхајм со 2-1 во рамките на првото коло од новата сезона. „Ќе мора многу да работиме. Мора да останеме мирни и да продолжиме да работиме секој ден“ – вели тренерот од Холандија. „Фармацевтите“ во наредната рунда во елитата на Германија ќе се сретнат со екипата на Вердер Бремен.
Екипата на Вардар ќе се засили со напаѓачот, Фахад Азиз Бајо, кој повремено настапува и за селекцијата на Уганда. 27-годишниот фудбалер играл за Вишков од Чешка и во израелските тимови – Ашход и Бнеи Сакнин. Црномурестиот голгетер може да дејствува како офанзивен во средниот ред или да игра по страничните позиции. Бајо во дресот на Уганда се појавил на 22 меча и има постигнато осум голови.
