Челниците на фудбалскиот состав Вест Хем по двата стартни пораза во Премиер лигата од Сандерленд (гости) и Челзи (дома), немаат намера да се разделат со менаџерот, Грем Потер, наведуваат денеска медиумите во Англија.
Тој годинава во јануари го наследи Хулен Лоптеги и успеа да ги задржи „чеканите“ во елитата на островот.
Се верува дека Потер ќе го предводи тимот во претстојните дуели против Вулверхемптон во Лига купот и против Нотингем Форест во Премиер-лигата.

